Top Sport

Хабиб: Да се родеше Роналдо во Дагестан, ќе беше УФЦ шампион

Откако вчера беше посебен гости на Пари Сен-Жермен на „Ноу Камп“ при фантастичната 4:1 победа над Барселона, УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов ги сподели своите соништа да стане фудбалер и посочи дека неговиот добар пријател Кристијано Роналдо да беше роден во Дагестан ќе беше УФЦ шампион.

Хабиб, страствен навивач на Реал Мадрид, беше презадоволен од победата на ПСЖ над Барселона, добивајќи го дресот на Килијан Мбапе, кој имаше хет-трик при победата. По ова тој сподели интересна приказна на Инстаграм.

„Го сакав фудбалот од моето детство и секогаш сонував дека ќе станам фудбалер, но бев роден во Дагестан, и знаете кој е приоритетот таму. Којзнае, ако Кристијано Роналдо се родеше во Дагестан, можеби и тој ќе беше УФЦ шампион. Фудбалоте е спорт, а јас случајно станав фајтер. Кога бев во шесто одделение во мојата тетратка напишав 200 имиња на фудбалери, а тогаш немаше Интернет“, објаснува Хабиб.

Scroll to Top