Top Sport

Бускетс не сака да го продолжи договорот, по завршувањето на сезоната се сели во Мајами

Престојната сезона 2022/23 ќе биде последна за Серхио Бускетс во дресот на Барселона.
Каталонските медиуми денеска потврдија дека Бускетс нема намера да потпише нов договор. Актуелниот договор му истекува на 30.јуни наредната година.

Планот на Бускетс е кариерата да ја продолжи во САД, во тимот на Дејвид Бекам, Интер од Мајами. Голема е веројатноста од наредната сезона, во Интер од Мајами да се преселат и неговите поранешни соиграчи, Лео Меси и Луис Суарез.

Бускетс е дете на Барса, дебитираше под водство на Пеп Гвардиола во 2008 година.

Исто така, Бускетс, по Светското првенство во Шпанија ќе стави крај на репрезентативната кариера.

Бускетс ги освои сите можни трофеи со Барса и Шпанија. Со Шпанија беше светски и европски првак, со Барселона три пати ја освои Лигата на шампиони, осум бил шампион на Шпанија.

За Барса одигра неверојатни 676 натпревари, за Шпанија 136.

Scroll to Top