Лионел Меси, кариерата ќе ја продолжи во Интер Мајами. Тренер во Интер ќе му биде сонародникот Тата Мартино, а наскоро треба да му се приклучат и двајца соиграчи од Барселона.
Новинарот Фабрицио Романо, објави дека Серхио Бускетс и Џорди Алба ќе се преселат во Интер, откако ја напуштија Барселона.
Наводно Бускетс ги финализира последните детали од договорот со клубот. Поранешниот капитен на Барселона, сака да игра повторно со Меси, поради што одбил две понуди од Саудиска Арабија.
Покрај со Бускетс, Интер е во преговори и Џорди Алба.
Inter Miami are discussing final details of the contract with Sergio Busquets — as they hope to sign Spanish midfielder in the next days while he also god two bids from Saudi. 🇺🇸 #transfers
Jordi Alba also remains in negotiations with Inter Miami. pic.twitter.com/lo9UIJKmuu
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 19, 2023