Top Sport

Бутрагењо ги предупреди играчите на Реал: Наполи е еден од најопасните тимови во Европа

Генералниот директор на Реал Мадрид, прославениот Емилио Бутрагењо ги предупреди играчите на неговиот тим по ждрепката за групите на Лигата на шампионите, нарекувајќи го италијанскиот шампион Наполи како еден од најопасните европски тимови.

Во групата на Реал и Наполи се уште и дебитантите во натпреварувањето, бундеслигашот Унион Берлин, како и португалскиот клуб Спортинг Брага.

„Наполи се екстремно опасен противник и мораме да бидеме многу внимателни поради нивните играчи со неверојатен талент. Мораме да бидеме на највисоко ниво, како и секогаш во Лигата на шампионите, но дуелите со Наполи ќе бидат најтешите. Виктор Осимен и Квича Кварацхелија се на највисоко ниво, но засега се играчи на Наполи, а не на Реал“, вели Бутрагењо.

Scroll to Top