Top Sport

(Видео) Ќерката на Лука Модриќ помага на тренинзите на Арда Ѓулер

Реал Мадрид ова лето како големо засилување и трансфер за иднината го донесоа младиот Арда Ѓулер за 20 милиони евра, но турскиот репрезентативец немаше среќа и се повреди во пред-сезоната.

Очигледно, тој стана близок пријател со семејството на Лука Модриќ, бидејќи 10-годишната ќерка на Модриќ, Ана, е таа која му помага при тренинзите.

„Имам нов тренер“, напиша Ѓулер на социјалните мрежи.

Додека Ѓулер има уште време да се покаже во дресот на „кралевите“, ветеранот Модриќ е јасно незадоволен од својата ситуација во Реал, откако трите лигашки мечеви влегуваше како замена поради огромната конкуренција во средниот ред на тимот на Карло Анчелоти.

Scroll to Top