Top Sport

Ливерпул го купува Гравенберх од Баерн за 40 милиони евра

Ливерпул и Баерн Минхен се договориле за трансферот од 40 милиони евра на холандскиот фудбалер од средниот ред Рајан Гравенберх, тврдат повеќе англиски медиуми, вклучувајќи го и „Атлетик“. Гравенберх утре патува за Англија, каде што ќе потпише договор по извршувањето на медицинските тестови.

„Црвените“ на Јирген Клоп ова лето се обидуваат да го препородат својот среден ред по заминувањето на Фабињо и Џордан Хендерсон, и откако ги загубија Ромео Лавија и Моисес Каиседо, кои се решија за Челси, Клоп се фокусираше на Гравенберх, кој ќе го засили тимот како Алексис Мекалистер, Доминик Собослаи и Ватару Ендо.

Гравенберх подолго време беше поврзуван со трансфер во Манчестер јунајтед, кај неговиот поранешен тренер во Ајакс, Ерик Тен Хаг, но „ѓаволите“ се решија за „штедење“ овој преоден рок поради проблемите со финансискиот ферплеј.

Баерн го купија Гравенберх во 2022 за само 20 милиони евра од Ајакс, но тој не успеа да влезе во првиот тим на Баварците со само три старта цела сезона.

Scroll to Top