Top Sport

ЦАС му ја намали суспензијата на Онана

Судот за спортска арбитража (ЦАС), му ја намали суспензијата на голманот на Ајакс, Андре Онана, на девет месеци. Онана е суспендиран поради допинг.

Претходно, ФИФА, му изрече едногодишна суспензија на Онана.

Голманот на Ајакс, на фудбалот ќе може да му се врати на 4.ноември оваа година.

Исто така, Ајакс ќе може да го продаде Онана, за кого сериозен интерес покажува Арсенал.

Во октомври, минатата година, Онана беше позитивен на фуросемид, супстанца која често се користи за да се сокрие присуство на други забранети супсанци.

Scroll to Top