Судот за арбитража во спортот (ЦАС) им нареди на Кардиф да платат 6 милиони евра од првата рата за трансферот на Емилијано Сала, оценувајќи дека договорот бил комплетиран пред трагичната смрт на аргентинскиот фудбалер.
Сала се приклучи на клубот кој сега игра во Чемпионшип во јануари 2019 година, но загина кога неговиот авион со кој патуваше кон Велс падна во Ла Манш на 21 јануари 2019, два дена по трансферот. Неговото тело беше извлечено од морето во февруари, додека телото на пилотот Дејвид Иботсон не беше пронајдено.
„ЦАС ја отфрла жалбата на Кардиф сити против Нант околу одлуката која ја донесе бирото на ФИФА на 25 септември 2019 година, и ќе треба да платат 6 милиони евра за трансферот на фудбалерот Емилијано Сала“, се вели во одлуката на ЦАС.
RELATED ARTICLES