Top Sport

Целата фамилија на Сари навива за Фиорентина

Во пресрет на гостувањето на Јувентус кај Фиорентина, тренерот на „старата дама“ Маурицио Сари, открил дека целото негово семејство е поврзано со екипата од Фиренца. Сари рекол дека фамилијата му навива за „виолетовите“.

„Не беа среќни, најдобро е тоа така да го кажам…Мојата баба живееше на 500 метри од стадионот „Артемио Франки“. Поради тоа сите во фамилијата навиваат за Фиорентина. Јас бев исклучок, јас секогаш сум навивал за наполи“, рекол Сари.

„Имам многу спомени од „Артемио Франки“, но единствената на која се сеќавам е последната, кога на тој стадион со Наполи останавме без титулата. Ќе морам тој спомен да го заменам со некој поубав“, заклучил тренерот на Јувентус.

Инаку, Фиорентина ќе го пречека Јувентус денес од 15 часот.

Scroll to Top