Top Sport

„Брадата“ Харден е вистински плачко

Џејмс Харден никако не може да се помири со фактот дека наградата за МВП на сезоната в НБА-лигата му припадна на Јанис Адетокумбо. „Брадата“ е убеден дека имал незаборавна сезона и дека никој повеќе од него не заслужил да биде прогласен за најдобра во регуларниот дел од сезоната. Харден заборава дека Милвоки Бакс со Адетокумбо го освоија првото место во целата лига, во регуларниот дел од сезоната.

„Медиумите имаат некои клубови на кои се концентрираат, сите знаеме дека тоа е така. Имате човек чии тим беше 14 бо еден момент, а на крајот екипата заврши на четвртото место (Хјустон Рокетс), а покрај тоа тој човек се соочуваше и со бројни повреди…Тој човек 32 натпревари во низа постигнуваше 30+ поени, на осум натпревари имал 50+ поени, а на две постигнал повеќе од 60…и целото внимание беше насочено кон Јанис Адетокумбо. Нема шанси“, рекол Харден во интервју за „Џи-Кју“ и дополнил.

„Мора да видам што треба да направам подобро наредната сезона. Не треба да бидам лут, тоа момче зад себе имаше добра сезона, исто така и неговиот тим. Но сепак работите што јас ги направив се легендарни, за 10-15 години луѓето ќе се прашуваат дали е тоа можно, дали тоа навистина се случило…Такви работи се случуваа во времето на Карим-Абдул Џабар“.

Џејмс Харден минатата сезона ја заврши со просек од 36 поени по натпревар, Хјустон забележаа 53 победи, а во плејофот испаднаа во втората рунда од Голден стејт Вориорс.

Scroll to Top