Фудбалските репрезентации на Мексико и Уругвај, ноќта помеѓу петокот и саботата, одиграа пријателски натпревар на стадионот во Хјустон, во американската сојузна држава Тексас.
Дуелот на селекциите што играа на Светското првенство во Русија им припадна на Уругвајците.
Првиот гол го постигна Хозе Марија Хименез во 21.минута, а само четири минути подоцна Мексиканецот Раул Хименез израмни на 1:1.
Од 32.минута започна шоуто на Луис Суарез. Напаѓачот на Барселона најпрвин постигнадва гола во 32. и 40.минута, а во 56.минута на волшебен начин му асистираше на Гастон Переиро кој го посрави конечниот резултат.