Ајакс ќе има цела седмица за подготовки за првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите против Тотенхем, откако Холандската фудбалска федерација (КНВБ) реши да одложи цело коло од Ередивизие.
Ајакс е првпат во полуфиналето од 1996 година откако ги победија Јувентус на гости со 2:1 во вторникот. Тимот на Ерик Тен Хаг во првиот меч во Лондон во вторник на 30 април, а требаа да играат со Де Графшап во неделата на 28 април.
Според правилата на холандската федерација, секој клуб мора да има пауза од барем два дена меѓу мечеви, а не е можно преместување на мечот во петок или сабота, бидејќи тој викенд е национален празник во Холандија, така што цело коло е преселено на 15 мај, како последно коло во шампионатот. Оваа одлука е направена бидејќи Ајакс се бори за титулата, а Де Графшап за опстанок.
„Ова се прави за да се исполнат правилата за пауза меѓу два натпревари, а не да се помогне на Ајакс“, велат од Федерацијата.
Сепак, дуел со Де Графшап во последното коло носи лоши спомени за фановите на Ајакс – во 2016 година Ајакс можеше да ја освои титулата со победа над ривалите, но одигра само 1:1, дозволувајќи ПСВ Ајндховен да го освои трофејот.