Еди Хау потпиша нов долгогодишен договор со Њукасл јунајтед, откако новите саудиски газди на клубот беа задоволни од импресивниот финиш на минатата сезона во кој клубот се спаси од испаѓање, најавувајќи големи работи во иднина.
44-годишниот Хау ги презеде Њукасл во ноември 2021, кога клубот беше во зоната за испаѓање, и успеа да ги крене на 11. место со 14 поени од безбедната зона.
„Одлично е чувството да ја посветам мојата иднина на овој фантастичен клуб. Горд сум што сум менаџер на Њукасл јунајтед и досега уживав во секој момент. Би сакал да се заблагодарам на мојот тренерски клуб, на фудбалерите и на навивачите. Исто така, да посочам дека сме на почетокот на нашиот пат и дека ова е возбудливо време да си дел од Њукасл“, вели Хау.
Our gaffer. ?? pic.twitter.com/S803GpR3hn
— Newcastle United FC (@NUFC) August 5, 2022