Баерн Минхен остануваат на второто место на Бундеслигата по неочекуваниот 2:1 пораз на „Бај арената“ од Баер Леверкузен, клубот каде што тренер е нивниот поранешен играч Чаби Алонсо.
Двата пенали на Езекиел Паласиос беа доволни за да се осигура победата откако први дојдоа во водство Баерн преку Џошуа Кимих. Со овој пораз, Баерн остануваат втори со еден поен заостанување зад Борусија Дортмунд по 25 комплетни кола.