Top Sport

Чаби Алонсо се распрашува за Марко Асенсио

Марко Асенсио би можел да го напушти Пари Сен Жермен на крајот од преодниот рок.
Според последните информации, Чаби Алонсо контактирал со својот сонародник и му понудил место во својот тим, кој води жестоката битка за титулата во Бундес лигата..

И покрај тоа што од ПСЖ излегоа со став дека Асенсио не е на продажба, во овој случај може да пресуди желбата на фудбалерот.

Асенсио не е стандарден кај Луис Енрике, дефинитивно очекуваше дека во првиот дел од сезоната ќе одигра повеќе од 572 минути.

Асенсио забележа 12 настапи, главно како замена во клучните натпревари, постигна четири гола и забележа три асистенции.

Баер Леверкузен ќе се обиде да го доведе до крајот на преодниот рок. Се уште не е познато дали се работи за директен трансфер или позајмица до почетокот на летото, со потенцијален откуп…

Scroll to Top