Top Sport

Чакир ќе суди во Мадрид, Скомина во Рим

Словенецот Дамир Скомина и Турчинот Цунејт Чакир ќе бидат задолжени за делење на фудбалската правда на полу-финалните реванши во Лигата на шампионите.

Турчинот Чакир, со своите помошници, утревечер ќе го суди дуелот во Мадрид, помеѓу Реал и минхенски Баерн. Предност, од 2:1, по првиот натпревар има Реал.

Во среда на „Олимпико“ во Рим, Рома ќе го пречека Ливерпул. Англискиот тим првиот меч го доби со 5:2.

Главен судија на воој натпревар ќе биде Словенецот Дамир Скомина.

Scroll to Top