Турскиот фудбалер Мансур Чалар доби доживотна суспензија од фудбалот поради напад на ривалот Ферхат Јазган во текот на фудбалскиот меч помеѓу Амедспор и Сакаријаспор.
33-годишниот Чалар извади остар објект (некои турски медиуми тврдеа дека се работи за жилет) пред стартот на мечот и го нападна Јазган со исеченици на грбот, пред да тргне на неговиот врат. Чалар добива и казна од 25.000 турски лири (околу 4.000 евра) поради прекршување на правилата. Покрај ова, Амед СК (поранешниот тим на Дијарбакир) ќе одигра еден меч зад затворени врати.
Јазган сподели фотографија од неговите повреди на Инстаграм со порака: „Вакви фудбалери не треба да бидат на теренот, се надевам дека во федерацијата ги гледаат“.
Ова не е прв инцидент на жешкиот меч меѓу двата клуба, откако во минатото имаше напад на тренерот и на фудбалерите на Амедспор од ривалските навивачи.