Top Sport

Чалханоглу: Фудбалерите на Милан ќе навиваат за Ливерпул

Турскиот фудбалер на Интер, Хака Чалханоглу очекува интензивен и напорен меч против Ливерпул во осминафиналето на Лигата на шампионите и признава дека неговите поранешни соиграчи од Милан ќе навиваат за „црвените“ утре.

Утрешниот меч ќе биде прв во осминафиналето на ЛШ за Интер по десет години и Чалханоглу вели дека сите се подготвени. Дел од навивачите на Милан го сметаат за „предавник“  поради бесплатниот трансфер во градскиот ривал Интер, но тој вели дека има доста пријатели во „црвено-црниот“ дел на Милано.

„Игравме одлично во двата меча против Реал Мадрид, но не дадовме голови. Креирањето шанси не е проблем, но утре ќе имаме две-три шанси и мораме да ги искористиме. Ливерпул има опасен среден ред, но треба да излеземе на терен со карактер. Имам многу пријатели во Милан, но не верувам дека ќе навиваат за нас. Во основа, не ми е грижа, секогаш гледаме само на нашиот тим и се подготвуваме. Веќе имам трофеј во шест месеци со тимот и сега сонувам за Лигата на шампионите“, вели Чалханоглу.

 

Scroll to Top