Top Sport

Хабиб: Ќе го прашам Кристијано дали ќе остане во Јунајтед

Поранешниот УФЦ шампион во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов вели дека ќе го праша својот добар пријател Кристијано Роналдо дали ќе остане во Манчестер јунајтед по шпекулациите дека сака брз трансфер, но би сакал тој да остане бидејќи следната година „ѓаволите“ ќе бидат посилни.

Јунајтед го вратија Роналдо на „Олд Трафорд“ од Јувентус за 20 милиони фунти, и 37-годишниот Португалец има 14 гола во 27 настапи, што е беше доволно клубот да се врати во борба за трофеи. Хабиб вели дека би сакал да остане.

„Ќе зборувам со него. Кога се пресели од Реал Мадрид ми кажа неколку месеци, а исто така беше кога се селеше од Јувентус, така што ќе го прашам. Искрено, сакам да остане. Манчестер јунајтед имаат силен, млад тим и мислам дека следната сезона ќе бидат голем проблем за сите клубови“, вели Хабиб во интервју за „Скај спортс“.

Scroll to Top