Top Sport

Чалханоглу и Ибра во драматични продолженија ги однесоа Милан во полуфиналето на Копа Италија (видео)

Хакан Чалханоглу и Златан Ибрахимовиќ постигнаа голови во продолженијата за да му донесат на Милан 4:2 победа над Торино во четврт-финалето од Копа Италија и дуел со вечниот ривал Јувентус за место во финалето.

Милан имаше рано водство на „Сан Сиро“ во потрага по петта победа едноподруго, но дефанзивецот на Торино Бремер постигна два гола и направи пресврт, пред Чалханоглу во финишот на натпреварот да израмни на 2:2 по регуларните 90 минути.

Торино беа очајни за добар резултат откако дома загубија со 7:0 од Аталанта, а мечот на „Сан Сиро“ започна со посебно видео за кошаркарската легенда Коби Брајант, кој беше страствен навивач на Милан. Серија А им дозволи на Милан да носат црни ленти на раката, но не и минута молк како што беше најавено.

Анте Ребиќ, конечно, беше стартер за Милан, и беше асистент на првиот гол на Милан преку Џек Бонавентура веќе во 12. минута. Меѓутоа, во 34. минута, Бразилецот Бремер успеа да го совлада Џиџи Донарума за израмнување, а истиот фудбалер во 71. минута го комплетираше пресвртот.

Кшиштоф Пјонтек беше испратен со свирежи во можеби последниот меч за Милано, и на негово место влезе Златан Ибрахимовиќ, по што Милан тргна во напад. Во 91. минута, Чалханоглу со одличен гол го совлада Сиригу за израмнување, а Ибра имаше шанси моменти подоцна да го реши мечот во регуларните 90 минути.

Scroll to Top