Top Sport

Чалханоглу одби да се поздрави со Тео Ернандез

Хакан Чалханоглу очигледно има нешто против својот поранешен соиграч, Тео Ернандез, откако одби да се ракува со Французинот пред „Дерби дела мадонина“ меѓу Милан и Интер на „Сан сиро“.

Турскиот репрезентативец беше соиграч на Ернанез додека не си замина од Милан како слободен агент и потпиша за лутите ривали Интер во 2021 година. Тој беше мета на навивачите на Милан минатата сезона, но и на фудбалерите на Милан при прославата на минатогодишното скудето, кога Ернандез и Златан Ибрахимовиќ ги предводеа песните против Чалханоглу.

Scroll to Top