Top Sport

Тухел овојпат не го коментира ВАР, Вест хем велат дека се работи за скандал

Менаџерот на Вест хем, Дејвид Мојс ја оцени одлуката на ВАР системот да го поништи израмнувачкиот гол при 2:1 поразот од Челси како „вистински скандал“, додека неговиот ривал, Томас Тухел изјави дека нема да коментира бидејќи „веќе платил многу пари“ за коментирање на судиите во Премиерлигата.

Челси се врати од негатива за 2:1 победа на „Стемфорд Бриџ“, благодарение на ВАР системот кој го поништи голот на Максвел Корне во 90. минута, поради тоа што Џерод Боуен го фаулирал голманот Едуар Менди.

„Го видовте ли тоа? Голманот оди да ја собер топката и ја испушта и потоа се однесува како да има повредан рамото. Зачуден сум што ВАР реагираше и немаше изговор. Изгубив доверба во тие луѓе. Ова е скандалозна одлука, скапан од елитни судии“, изјави Мојс.

Капитенот на „чеканите“, Деклан Рајс се согласува со него, изјавувајќи дека ова е „најлошата ВАР одлука која сум ја видел“.

Менаџерот на Челси, Тухел, сметаше дека е фаул, но не сакаше дополнително да коментира, откако претходно доби финансиска казна за коментарите за судијата Ентони Тејлор при 2:2 ремито со Тотенхем.

„Ако е во наша корист, тогаш има причина зошто е во наша корист. Според мене, тоа беше фаул. Нема да коментирам повеќе по тоа што се случи со Тотехем и платив доста пари за тие коментари“, изјави Тухел.

Scroll to Top