Top Sport

Чави: Барса мора да ја помине групата во Лигата на шампиони

Тренерот на Манчестер јунајтед, Чави Ернандез вели дека е крајно време да се стави крај на лошата серија во Лигата на шампионите пред мечот со белгискиот Антверпен во првото коло.

Во мечот тие влегуваат полни со самодоверба по 5:0 победата над Реал Бетис, но и со мисла дека последните две сезони не успеаја да ја минат групната фаза на елитното европско натпреварување. Чави затоа сака да биде претпазлив.

„Играчите се полни со ентузијазам, но тоа не треба да ни биде опсесија. Мораме да бидеме вистински тим и да го наметнеме нашиот карактер. Целта мора да биде да ја минеме групната фаза, а за подоцна ќе видиме. Лани во Европа игравме добро, но немавме добри резултати. Сега имаме посилен тим и мораме прво да покажеме дека сме подготвени да се натпреваруваме и да се бориме“, вели Чави.

Во 2021/22, Барселона заврши како трета во групата зад Баерн Минхен и Бенфика, додека лани Баерн и Интер ги освоија првите две места пред Каталонците.

Scroll to Top