Top Sport

Тен Хаг се правда: И Брајтон трошат многу!

Брајтон со 3:1 во саботата го освои „Олд Трафорд“, нанесувајќи им го третиот пораз во првите пет кола во Премиерлигата, по што менаџерот на „ѓаволите“, Ерик Тен Хаг бизарно тврдеше дека и Брајтон трошат многу.

„Мислам дека сите клубови трошат многу пари. И Брајтон, тие трошат многу како и сите, а кога Манчестер јунајтед оди по играч, тоа веднаш ја крева цената на фудбалерот“, изјави Тен Хаг.

Анализата на „Би-би-си“ покажа дека цената на стартниот тим на Брајтон беше само 16.2 милиони фунти, додека самиот Тен Хаг потроши 170 милиони фунти ова лето, купувајќи ги Андре Онана, Мејсон Маунт и Расмус Хојлунд.

Scroll to Top