Top Sport

Чави: Да се видов со Абидал, разговаравме за Дембеле

Легендарниот Чави, во саботата, успеа да се пласира со Ал Сад во финалето на Купот на Катар. Ал Сад во полу-финалето убедливо го победи Ал Рајан со 4:1.

На прес конференцијата по натпреварот тој најпрвин морал да одговори на прашањата кои го поврзуваат со клупата на Барселона. За потсетување шпанските медиуми тврдат дека прашање на денот е кога Чави ќе го наследи Ернесто Валверде.

„Сите знаат дека мојот сон е да ја тренирам Барселона. то не можам ниту сакам да го скријам. Меѓутоа фокусиран сум на Ал Сад. Од почит кон Валверде повеќе нема ништо да кажам“, рекол Чави и дополнил.

„Да се сретнав со спортскиот директор Ерик Абидал. Пријатели сме. Ме праша некои работи околу Дембеле. Жалам тоа е се што можам да ви кажам“.

Чави пред пет години во голем стил, со освоена тројна круна ја напушти Барселона. Последните четири години од кариерата ги одигра за Ал Сад, а пред осум месеци стана тренер на овој клуб.

Scroll to Top