Top Sport

Хандановиќ го спаси Интер од пораз (Видео)

Интер и Аталанта одиграа 1:1 во 19 коло во Серија А. Интер од пораз го спаси голманот Самир Хандановиќ кој во 88 минута му одбрани пенал на Луис Муријел.

Интер одиграа лош натпревар, беа во подредена положба и на крајот можат да бидат задоволни од освоениот бод.

Натпреварот започна со гол на Интер во раната фаза. Во четвртата минута на сцена беше тандемот Ромелу Лукаку-Лаутаро Мартинез, реализатор беше Аргентинецот.

Од тој момент Аталната беше тимот што го диктраше темпото, особено тоа важи за вториот дел кво кој Интер се определи за бранење на својот гол.

Во 75 минута Робин Госенс ја искористи лошата реакција на Антонио Кандрева и го израмни резултатот.

Можеше Аталанта до целосен пресврт меѓутоа Хандановиќ одбрани пенал.

Интер со натпревар повеќе од Јувентус остана лидер со 46 поени, Аталанта се на петтото место со 35 бода.

Scroll to Top