Top Sport

Чави го освои својот петти трофеј како тренер, му се насмевнува и шестиот

Легендата на шпанскиот фудбал, Чави Ернандез го освои својот петти трофеј како тренер на катарскиот Ал-Сад, откако во финалето на Катарскиот куп со 2:0 го совладаа Ал-Духаил. Ова е одбрана на титулата, која лани ја освоија против истиот клуб со 4:0 победа.

Двата гола ги постигна Багдат Бунеџа, додека асистент беше поранешниот соиграч на Ернандез од шпанската репрезентација, Санти Казорла.

Чави исто така е блиску и до шестиот трофеј во кариерата, откако тие се на чекор до освојување на Старс лигата, која можат да ја обезбедат на 7 март со победа. Претходно, Чави го освои Катарскиот куп во 2020, Амир купот во 2020, Катарскиот суперкуп во 2019 и Старс купот во 2019/20.

Сите овие успеси, несомнено, носат шпекулации за можно враќање на „Ноу Камп“, овојпат во улога на тренер, но тоа зависи од исходот на изборите во каталонскиот гигант.

Scroll to Top