Top Sport

Вилијан признава: Многу сакав да останам во Челси

Бразилскиот фудбалер од средниот ред на Арсенал, Вилијан открива дека навистина сакал да остане во Челси пред да биде приморан на трансфер во лутите градски ривали.

Вилијан потпиша за „топчиите“ како слободен играч минатиот август, откако помина седум години во Челси и одигра 339 натпревари за да освои две титули од Премиер лигата. Работите во Арсенал не одеа најдобро – тој нема постигнато гол и има само четири асистенции во 26 настапи и покрај платата од 220.000 фунти неделно. Покрај тоа, тој веќе не е ниту стартер – последен пат беше во првиот тим на Микел Артета на 19 декември.

„Беше тешко да се направи одлуката за трансфер во Арсенал бидејќи ривалството е големо. Зборував многу пати со сопругата и со агентот. Не си заминав од Челси со караница, но сите знаеја дека сакам да останам. Не можевме да дојдеме до договор, јас сакав тригодишен, тие сакаа двегодишен договор и сите знаат што се случи“, вели Вилијан во интервју за бразилскиот „УОЛ Еспорте“.

Scroll to Top