Top Sport

Ван Бастен бил пред банкрот како во филмот „Волкот од Вол Стрит“

Новата автобиографија на холандската фудбалска легенда, Марко ван Бастен, објаснува како еден од најталентираните фудбалери во историјата на спортот бил блиску до финансиска катастрофа по лошата инвестиција во 1999 година.

Поранешниот фудбалер на Милан инвестирал 20 милиони евра во една холандска банка во 1999 година, а по нападот на Кулите близначки во Њујорк и финансиската криза, ги загубил овие пари. Во книгата тој објаснува дека во 2001 година, холандските даночници побарале 32.8 милиони евра од него.

„Дали сте го гледале филмот ‘Волкот од Вол Стрит’? Ситуацијата беше како сцената од тој филм“, открива Ван Бастен.

Во автобиографијата од 318 страници, Ван Бастен зборува за својата „слепа желба“ за да стане најдобар на светот, за својот однос со Јохан Кројф и, секако, за повредата која предвреме му ја прекрати кариерата.

Scroll to Top