Тренерот на Барселона, Чави Ернандез потврди дека го продолжил договорот со клубот на прес-конференцијата пред мечот со Реал Бтис овој викенд, нешто што шпанските медиуми го објавија уште минатата недела.
„Среќен сум во Барса, проектот продолжува. Моето продолжување на договорот ќе биде официјално објавено за неколку дена. Кога ќе зборуваат лошо за мене, искрено се смеам, бидејќи вие новинарите фрливте голема вина кон мене, но од друга страна ме номинираа за најдобар тренер од УЕФА. Така работите некако се поништуваат“, изјави со насмевка, Чави.
Чави лани го предводеше тимот до титула во Ла лига со 10 поени предност пред Реал Мадрид, а во новата сезона немаат пораз со три победи и едно реми во првите четири меча од сезоната.