Top Sport

Чави и Барса демантираат дека Агуеро се пензионирал

Барселона и нивниот нов тренер Чави, ги демантираа извештаите дека Серхио Агуеро решил да се повлече од фудбалот поради проблеми со срцето, по вестите во саботата дека тој едноставно не смее да продолжи со спортот.

Напаѓачот на Барселона излезе од игра на мечот против Алавес на 30 октомври поради болки во градите, и иако клубот не откри за каков проблем со срцето се работи, каталонските медиуми тврдат дека се работи за аритмија, по што во саботата повеќе медиуми јавија дека тој одлучил да стави крај на кариерата и дека ќе го потврди тоа на прес-конференција следната недела. Барселона го демантираше тоа.

„Агуеро има три месеци да види како ќе се развива аномалијата. Ни беше кажано дека се потребни три месеци за да се процени дали тој може да продолжи да игра фудбал“, вели потпретседателот на клубот, Рафа Јусте.

Чави, по вчерашното деби на клупата при победата над Еспањол, исто така вели дека нема потврда за повлекувањето на Аргентинецот.

„За Кун Агуеро не знам ништо ново, а зборував со него пред неколку дена и тој беше во добро расположени. Тоа што излегува во медиумите не е вистина. Ќе треба да почекаме и се надеваме дека тој ќе се врати да игра за нас“, објасни Чави.

Агуеро мора да стави крај на кариерата

Scroll to Top