Top Sport

Непоразениот Крофорд го „сотре“ Портер

Теренс Крофорд го прати на подот Шон Портер двапати во 10. рунда, пред неговиот татко и тренер Кен Портер да го прекине мечит и Крофорд да ја одбрани ВБО титулата во велтер категорија.

34-годишниот Крофорд го подобри скорот на 38-0 со 29 нокаути, додека за Портер ова е четврти пораз во кариерата, со што падна на 31-1-4 со 17 нокаути. Мечот беше неизвесен во првите 9 рунди, откако двајцата боксери добија исеченици над очите по удари со главата, но тогаш Крофорд ја презеде контролата на мечот.

Крофорд има 16-0 скор во мечеви за титулата, за деветти пат едноподруго да го заврши мечот со нокаут, и ја потврди својата улога како еден од најдобрите боксери на денешницата, откако освојуваше титули во супер-лесна и лесна категорија.

Се очекува сега Крофорд да оди на меч за обединување на титулите со ИБФ и ВБЦ шампионот, Ерол Спенс, кој беше меѓу гледачите на саботниот меч.

Scroll to Top