Top Sport

Кејн го „боцна“ Тотенхем: Дојдов во Баерн да чувствувам притисок за освојување трофеи

Хери Кејн вели дека направил трансфер во Баерн Минхен за да го „чувствува притисокот за освојување трофеи“, во неочекувана „боцка“ за својот поранешен клуб, Тотенхем, со кои не успеа да освои ниту еден трофеј.

Во интервју за „Скај спортс“, Кејн зборуваше за почетокот на кариерата во баварскиот гигант и притисокот кој го чувствува, за во исто време неочекувано да го критикува Тотенхем.

„На крајот, целта беше да бидам подобра, да чувствувам нов притисок да мора да се освојуваат титули секоја година, да се стигне далеку во Лигата на шампионите и да се игра на тој лимит“, вели 30-годишниот Кејн.

Се очекува тој да го има дебито како стартер овој викенд кога стартува Бундеслигата со дуел против Вердер Бремен. Во првиот меч со Баерн, тој не успеа да го освои првиот трофеј, по 3:0 поразот од РБ Лајпциг во Германскиот суперкуп.

Scroll to Top