Top Sport

Чави ја напушта Барселона на 30 јуни: Новинарите не ми дозволија да бидам шпански Алекс Фергусон

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, најави дека ќе го напушти каталонскиот гигант на кракот од сезоната, по синоќешниот сензационален пораз од Виљареал (3-5) во 22 коло на Ла Лига.

„Дојдовме до точката од која нема враќање. Време е за промени. Мислам дека е време да заминам. Разговарав со раководството и клубот. Ја напуштам клупата на 30 јуни“, изјави Чави на прес – конференцијата по натпреварот.

Чави, кој речиси целата своја кариера како фудбалер ја мина во Барселона, лани ја освои шампионската титула со каталонскиот клуб, но оваа сезона резултатите се под очекувањата.

Барселона претходно овој месец остана без трофеј во Суперкупот и претрпе елиминација во шпанскиот Куп, а во моментов во Ла Лига е третопласирана со десет бодови помалку од лидерот Реал Мадрид.

Scroll to Top