Top Sport

Чави ја напушта Барселона на крајот од сезоната

Барселона загуби со 5:3 на домашен терен од Виљареал во 21. коло од Ла Лига. Овој натпревар го означи почетокот на крајот на тренерот Чави на клупата на Барселона.

Чави ја презеде Барселона во ноември 2021 година, а неговиот договор е до крајот на јуни 2025 година. Сепак, тој нема да го одработи својот договор, по поразот од Виљареал потврди дека за неколку месеци ќе го напушти клубот.

„На 30 јуни ќе го напуштам клубот. Тоа е одлука за која разговаравме со претседателот, со стручниот штаб… На Барса и треба промена на насоката“, изјави тренерот на Барселона по новиот пораз.

Актуелниот шампион Барселона моментално е на третата позиција во Примера со десет бода помалку од лидерот Реал.

Тие во четвртфиналето беа елиминирани од Купот на кралот од Атлетик Билбао, го загубија финалето од Реал во Суперкупот на Шпанија, а во Лигата на шампионите ќе играат против Наполи во осминафиналето на 21 февруари.

Чави досега ја предводеше Барселона на 122 натпревари. Има 76 победи, 20 нерешени и 26 порази. Во 2023 година со Барселона го освои шпанското првенство и домашниот Суперкуп.

Scroll to Top