Чави, легендата на Барселона, минатиот месец се спомнуваше како можен кандидат за тренерската позиција во Барселона, која остана празна по отказот што клубот му го врачи на Ернесто Валверде. Сепак преговорите што двете страни ги воделе три дена завршија неуспешно, а потоа на клупата на Барсеа седна Кике Сетиен.
Зошто Чави не стана тренер на Барселона? Едноставно во клубот не биле подготвенид а ги исполнат неговите барања.
Според „Кадена СЕР“ првиот услов на Чави бил да го преземе тимот по завршувањето на сезоната, а не во јануари. Челниците на Барселона не сакале да тргнат во потрага по тренер кој би работел само шест месеци во клубот.
Вториот услов на Чави бил да добие овластувања какви што имаат неговите колеги во Англија, односно побарал да го контролира спортскиот сегмент на Барса.
Исто така тој побарал во клубот да биде вратен Карлес Пујол. За легендарниот капитен Чави ја наменил улогата што сега ја има Ерик Абидал, односно сакал Пујол да биде врската помеѓу играчите и клупските челници.
Чави барал и смена на целата лекарска служба и место во стручниот штаб за својот брат Оскар.
По три дневните преговори емисарите од Барселона решиле да ги одбијат сите негови барања и да побараат друг тренер.