Легендарниот Шпанец, Чави, рекол дека има јасна идеја како ќе игра неговиот тим кога еден ден ќе стане тренер. Чави како тренер би ја форсирал играта на Барселона, од времето на Пеп Гвардиола.
„Признавам дека ми е здодевен фудбалот што го гледам на телевизија. Најголем дел од екипите се определува за формација 4-5-1, не ја сакаат топката“, рекол Чави и дополнил.
„За мене тоа е добро, бидејќи можам да видам како не сакам да игра мојот тим кога ќе станам тренер. Имам идеја како ќе игра мојот тим. Ќе игра како Барселона додека и јас бев таму“.
Чави се уште е активен играч. Од пред три години тој игра за Ал Сад, а самиот не крие дека има амбиција да стане тренер. Тој е еден од ретките фудбалери кои во кариерата ги освоиле сите значајни трофеи во клупскиот и репрезентативниот фудбал.