Top Sport

Чави: Одиме во Минхен по три бода

Барселона не успеа да ја победи Бенфика, во претпоследното коло, во Лигата на шампионите. Барса сега ќе трепери во последното коло, за да не завиди од мечот во Лисабон (Бенфика-Динамо), ќе мора да го победи Баерн во Минхен.

Барселона против Бенфика не ги искористи своите шанси, а во последната минута избегна пораз, откако Сеферовиќ промаши „мртва“ шанса.

Тренерот на Барселона Чави смета дека неговите фудбалери ја заслужиле победата и дека во оваа ситуација тие ќе одат на победа во Минхен.

„Одличен меч за нас. Заслуживне за победата. Бевме подобри. Заслуживне да постигнеме барем еден гол. Штета. Еден бод не ни значи многу. Победата ќе не однесеше во осмина-финалето. Сега немаме друга опција, мораме да победиме во Минхен. Ќе се обидеме да успееме. Ќе се обидеме да доминираме во тој натпревар. Одиме на победа во Минхен“, рекол Чави.

Барселона ќе гостува во Минхен на 8.декември.

Scroll to Top