Top Sport

Гасперини: Ни Меси не би бил добар на вештачка трева

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, жали што неговиот тим не успеа да победи во Берн. Аталанта одигра 3:3 со Јан Бојс. Италијанскиот тим два пати водеше, на крајот од пораз се спаси во 88.минута.

Една од причините за нерешениот резултат е вештачката трева, тврди тренерот на Аталанта, Гасперини.

„Тешко е да се прилагодите на оваа подлога. Мускулите повеќе се напрегаат на ваква подлога. Мислам дека на вештачка трева целиот свој талент и потенцијал не може да го покаже ниту Лионел Меси. Јас сум стара школа, сакам кога фудбалот се игра на природна трева“.

Гасперини е свесен дека неговиот тим пласман во нокаут-фазата ќе брка во последното коло, на домашен терен против Виљареал. Во пресрет на последното коло Виљареал има седум, Аталанта шест бода.

Scroll to Top