Top Sport

Чави: Овој тим нема душа, јасно е дека не сме како Барса од 2010 година

Барселона, синоќа на „Монжуик“ вложи голем труд против најлошиот тим во Примера, за на крајот да го скрши отпорот на Алмерија. Кикс на Барселона спречи капитенот Серхи Роберто со два гола, вториот го постигна во 83.минута.

По мечот тренерот Чави истакна дека неприфатливо е колкави проблеми има неговиот тим со реализицијата.

„Страдавме повеќе отколку што заслуживме. 30 пати шутиравме кон голот и дадовме два гола. Првото полувреме е неприфатливо од тренерска гледна точка. Промашивме многу и тој тренд не следи веќе месец, месец и пол. На полувремето им кажав на играчите дека тоа што го одиграа во првото полувреме е неприфатливо. Ни недостигаше ефикасност, мора да имаме агресивност. душа… Јас како тренер не прифаќам вакво нешто. Или ќе трчаме како животни или нема да направиме ништо. Не сме Барселона 2010, немаме таков квалитет, таква индивидуалност. Минатата сезона бевме агресивни и трчавме… Луѓето со свирежи не испратија на полувремето… Во второто полувреме не бодреа. Покажавме друга слика во второто полувреме. Или ќе дадеме се што имаме да победиме или нема да освоиме ништо. Мораме да се разбудиме“, рече Чави и дополни.

„На овој тим му недостига душа. Нема душа со која играше минатата сезона, ниту агресивност, ниту концентрација… Барселона од второто полувреме е Барса што сакам да ја видам“.

Scroll to Top