Top Sport

Чави пет пати ја примени оваа тактика и не успеа да победи

Барселона сензационално загуби со 1:0 во Алмерија минатиот викенд. Со вториот пораз во Примера, Барселона ја прекина серијата од седум победи во првенството на Шпанија. , Каталонците се уште имаат удобна предност од седум бода во однос на Реал во првенството, но овој пораз може да им наштети бидејќи на противниците им откри како е најдобро да се игра против нив.

Барселона е препознатлива по играта со кратки и брзи проигрувања, но нејзините играчи некарактеристично се обидоа Алмерија да ја нападнат со центаршутеви. Имаа дури 47 нафрлувања против Алмерија, а само девет, односно 19 отсто беа точни.

Каталонски „Спорт“, нагласува дека тренерот Чави, имал мизерни резултати кога ја применувал оваа тактика.

Петти пат откако Чави гја презеде Барселона, тимот на еден натпревари имаше 40 или повеќе центаршутеви пред голот на противникот.

Тоа се случи минатата сезона против Рајо Ваљекано и Виљареал (по 40) и на двата натпревари против Интер (46 и 48), во Лигата на шампините. Барселона не победи на ниту еден од тие пет натпревари, само еднаш играше нерешено, против Интер на домашен терен во Лигата на шампионите.

Scroll to Top