Top Sport

Чави пред мечот во Минхен: Се е во наши раце, не ни треба чудо!

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез е сигурен дека неговиот тим ќе забележи победа на вечерашниот дуел на „Алијанц арена“ во последното коло од групната фаза во ЛШ.

Во мечот кој започнува во 21 часот, Баерн без императив за победа ќе го пречека каталонскиот тим затоа што за тимот од „Камп Ноу“ овој меч е да се биде или не.

„Се е во наши раце. Ќе дадеме се од себе. Ќе видиме по мечот што ќе биде. Не мислам дека ни е потребно чудо. Тоа е само уште еден натпревар во кој можеме да го победиме ривалот. Мора да сме трпеливи затоа што не чека противник кој на претходните мечеви беше подобар од нас“ истакна Чави.

Барселона во следна фаза може да помине и доколку не победи, но во тој случај во Лисабон треба Динамо Киев да не загуби од екипата на Бенфика.

„Мора да се потпреме на самите себе, а не на другите. Сакам моите играчи да заборават на се, да го заборават притисокот. Тука сум да им помогнам. Историјата вели дека никогаш не сме победиле во Минхен, можеби е време тоа да се промени“ заклужи шпанскиот стратег.

Во првиот дуел во Барселона германскиот состав славеше со 3-0.

Каталонците немаат победа против Баерн уште од 2015 година.

Scroll to Top