Top Sport

Дербито на Чаир без победник – Шкупи и Шкендија одиграа 1:1

Шкупи и Шкендија ремизираа 1:1, во дерби мечот одигран во 17.коло во Првата лига. Во пресрет на последното коло, од есенскиот дел на шампионатот, Шкупи ја задржа предноста од осум бода во однос на актуелните шампиони.

Дербито беше решени во последните 20 минути, откако претходно добри одбрани имаа голманите на двата тима. Гури во 71.минута ја казни грешката на Чешмеџиев и погоди за водство на Шкендија. Резултатот беше активен до претпоследната минута кога Алварез постигна спектакуларен гол.

Без победник, со резултат 1:1, заврши дуелот помеѓу Ренова и Тиквеш. Скопје со 1:0 ја победи Струга ТЛ.

Македонија ЃП со 4:1 ја декласираше Академија Пандев.

Значајни гостински победи забележаа Работнички над Брегалница (2.1) и Борец над Пелистер (3:1).

Табела: 1. Шкупи 39, 2. Академија Пандев 32, 3. Шкендија 31, 4. Ренова 27, 5. Брегалница 26, 6. Македонија ЃП 24, 7. Струга 23, 8. Работнички 22, 9. Скопје 20, 10. Тиквеш 15, 11. Борец 12, 12. Пелистер 5.

Фото/.facebook.com/fcshkendija

Scroll to Top