Top Sport

Чави: Сѐ уште имаме голема предност во Ла Лига

Барселона не успеа да победи против Џирона, одигра без голови, а тимот на Чави Ернандез нема постигнато погодок цели 180 минути. По шокантниот пораз од Реал Мадрид (0:4) во Кралскиот куп, Барселона и синоќа не се прослави со голгетерскиот ефект.

Сепак, тренерот Чави не е загрижен и истакнува дека неговиот тим е во одлична позиција да го освои првенството во Ла Лига.

„Не сум загрижен. Имаме одлична позиција да ја освоиме титулата во Ла Лига. Одигравме добро, баравме можност да постигнеме гол, иако не успеавме тоа да го направиме. Мислам дека заслуживме да победиме. Сепак, имаме 13 бода предност на врвот, на десет натпревари до крајот на шампионатот и овие фудбалери заслужуваат аплаузи за тоа“, изјави тренерот на Барселона.

Scroll to Top