Top Sport

Чави се врати во Барселона, но вели дека е дојден само на одмор

И покрај тоа што каталонските медиуми веќе го „промовираа“ во наследник на Роналд Куман, Чави Ернандез се врат и во Барселона „на одмор“ по крајот на сезоната со катарскиот Ал-Сад.

Шпекулациите ќе се интенвизираат бидејќи Чави, кој се врати во Барселона со своето семејство, последните две години не бил во својот град и покрај тоа што неодамна го продолжи договорот со катарскиот клуб до 2023 година.

„Не знам ништо. Дојдов тука на одмор“, беше единствената изјава на Чави при пристигнувањето на аеродромот.

Чави претходно изјави дека му се јавиле да го замени Кике Сетиен по катастрофата од 8:2 од Баерн Минхен минатата сезона, но тој ја одби таа понуда, по што Роналд Куман беше поставен како решение.

Но, сега, Барса има нов претседател во Жоан Лапорта, кој ќе мора да донесе многу одлуки за иднината на клубот – од тоа дали Лео Меси ќе остане, до продажбата на вишокот фудбалери, до секако, најважната, дали ќе има нов тренер на клупата.

Scroll to Top