Top Sport

Ла лига ги помести мечевите поради Евровизија

Шпанската Ла лига „потклекна“ под притисокот и објави дека ќе ги помести мечевите од последното коло во кое ќе се одлучи титулата поради саботното издание на изборот на песна на Евровизија.

Поради ова, Ла лига ги помести мечевите со кои ќе се одлучи шампионот (Валјадолид-Атлетико Мадрид и Реал-Вилјареал), исто како и мечевите за опстанок ќе се одиграат во сабота во 18 часот. Изборот на песна на Евровизија стартува три часа подоцна.

Првично, Ла лига го премести мечот на Еибар со Барселона од недела во сабота, но откако Еибар и дефинитивно стана второлигаш, мечот се врати во неделниот термин.

Scroll to Top