Top Sport

Чави со порака до играчите: Не знаете што значи да се игра за Барселона!

Каталонските медиуми денеска ја пренесуваат атмосферата во соблекувалната на Барселона по синоќешниот пораз од Баерн Минхен што значеше дека тимот од „Ноу Камп“ остатокот од сезоната ќе го игра во Лигата на Европа.

По мечот, според информациите на каталонски „Спорт“, тренерот Чави Ернандез по мирната изјава пред новинарите дека ова е реалноста во Барса, во соблекувалната се покажал во комплетно поинакво светло.

Наводно, Чави им викал на фудбалерите, и тоа уште на полувремето.

„Тренерот покажал брутална лутина врз играчите. `Некои од вас не разбираат што значи да се игра за Барса`. Играчите не реагирале на неговото викање“ – пишува каталонскиот медиум.

Се наведува дека неговото лице зборувало повеќе од зборовите, лутината огромна.

„Ниту еден од играчите не се осмелил да прозборе нешто, во соблекувалната била погребна атмосфера“ пренесува „Спорт“.

Scroll to Top