Top Sport

Чави со втора титула како менаџер – Ал-Сад го освои катарскиот куп (видео)

Легендата на Барселона, Чави Ернандез го освои својот втор трофеј во кариерата како тренер, неколку дена откако го одби каталонскиот клуб да се врати како прв човек на тимот. Неговиот Ал-Сад со 4:0 го декласираше Ал-Духаил за клубот да го освои Купот на Катар.

Ал-Сад го отворија резултатот само по пет минути игра преку Кореецот Нам Тае Хи, а во 21. минута, алжирскиот напаѓач Багдад Бунџах зголеми на 2:0. Исходот на мечот беше решен пред полувремето, кога Бунџах им донесепредност од 3:0, пред Акрам Афиф од пенал во 70. минута да ги постави конечните 4:0.

Scroll to Top