Top Sport

Сега е официјално – Ешли Јанг потпиша со Интер

Ешли Јанг е официјално нов фудбалер на Интер, каде што ќе им се приклучи на поранешните соиграчи од Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку и Алексис Санчез.

34-годишниот англиски ветеран пристигна во Милано утрово, потврдувајќи дека првпат е во италијанскиот град, а по комплетирањето на медицинските тестови стави потпис на шестмесечен договор до јуни 2020 со опција за продолжување на договорот за уште една сезона.

Неговиот договор со „ѓаволите“ завршуваше во јуни, така што трансферот ќе ги чини Интер само 1.5 милиони евра. Јанг имаше 18 настапи за Јунајтед оваа сезона и беше капитен на тимот, а се очекува да биде во составот на Антонио Конте за неделното гостување во Лече.

Scroll to Top