Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Чедомир Јаневски, е нов тренер на кипарскиот прволигаш АЕЛ Лимасол. Тој досега беше асистент во стручниот штаб на репрезентацијата на Јужна Африка, а има претходно искуство на Кипар.
Јаневски беше тренер на Енозис Паралимни, Олимпијакос Никозија и на Етникос Ахна.
Тој во АЕЛ Лимасол ќе му биде тренер на Давор Здравковски, поранешниот капитен на македонската репрезентација до 21 година.